ПРВ ДЕН – 04.05.2024
Поаѓање во 01 часот од Битола. Организиран трансфер од други градови (точна сатница на поаѓање се утврдува два дена пред поаѓањето).
Патувањето е преку граничен премин Ќафасан со царински формалности и попатни паузи. Може да се патува само со лична карта ( старата е важечка за Р.Албанија) !
Пристигнување во КСАМИЛ во раните утрински часови. Сместување. Слободно време за уживање на плажа и прошетки низ Ксамил. Во попладневните часови организирана прошетка до САРАНДА (факултатива). Прекрасен град на јонски брег кој привлекува голем број на туристи со својот шарм и убавина. Ќе имате можност да вкусите традициона храна во некои од многубројните таверни и ресторани, или да се напиете кафенце покрај море. Во договорено време враќање во Ксамил. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 05.05.2024
Во утринските часови предвидена е прошетка до едно од најпознатите туристички локации во округот на Ксамил и Саранда, познато под името “СИНО ОКО” кое претставува извор длабок 50 метри низ кој постојано тече и извира кристално чиста вода која е толку чиста што дури може и да се пие. Прекрасно место кое го запира здивот на секој посетител со својата прекрасна тиркизна убавина. По разгледите се врќаме во Ксамил. Слободно време за уживање на плажа и други индивидуални активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 06.05.2024
Одјавување од собите. Поаѓање во пладневните часови во договор со водичот. Поаѓање према Македонија преку граничен премин Ќафасан со царински формалности и попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА: 89 ЕУ по лице
Цените се дадени по лице за сместување во соби 1/2 или 1/3
Доплата + 20 еу за еднокреветна соба
Деца од 4 до 12г. со две лица во соба плаќаат 75 еу и користат легло
Деца од 0-4 год. со две лица во соба плаќаат 45 еу и спијат со родител
Трансфер од други градови доплата 15 еу за два правци
Во цената е вклучено:
2 ноќевања во апартмани во Ксамил
вклучен превоз од Битола (Трансфер од други градови 15 еу)
туристички пратител на групата
Во цената не е вклучено:
патничко осигурување ( информации во агенција)
факултатива – Саранда и Сино Око – 25 еу (влезница + превоз)
туристичка такса 1 еу по ден по лице
трансфер од други градови со доплата 15 еу за двата правци
НАПОМЕНА!!!
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).