ПРОГРАМА:
27.04.2023 (Четврток)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.
28.04.2023 (Петок)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 17-18 часот, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот
Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.
29.04.2023 (Сабота)
ТРЕТ ДЕН: Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на 1 мај, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за да го истражуваме островот. Групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.
30.04.2023 (Недела)
ЧЕТВРТ ДЕН: Во договорено време, групата се упатува кон местото Ахилеон и Канони (факултативно). Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон островот на Глувците, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа се упатуваме кон палатата Ахилеон на австриската кралица Елизабета, позната и како Сиси. Палатата била користена како нејзина летна резиденција, а по тоа служело и како една од најубавите коцкарници во Европа, а поради прекрасниот двор и градина е место каде се снимени многу филмови. Во денешно време е музеј со најголемата скулптура на Ахил во повредена положба, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот.
По завршувањето на посетата групата се враќа во Ипсос.
01.04.2023 (Понеделник)
ПЕТТИ ДЕН: Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Голема е веројатноста во тој период времето да е веќе доволоно топло за да може да се искористат и придобивките на морето. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА 109 евра do 15.03, редовна цена 139 евра.
Собиралишта Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ:
Апартманско сместување:
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: