Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плажата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.
Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека брачното легло е со помали димензии. Студијата располагаат со брачно легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во димензии од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното ( до 6 години ) спие со родител на поголемото легло. Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
-10% попуст за резервации направени до 29.02.2024, со 50% уплата до 10.03.2024
-5% попуст за резервации направени до 30.04.2024, со 50% уплата до 10.05.2024
Првите три и последните два термина се промо цени и не подложат на попуст
Цени за НАЕМ на соба за 8 дена / 7 ноќевања
термини | Double + 1 chd | Triple |
19.05-26.05 | 109 | 119 |
26.05-02.06 | 159 | 179 |
02.06-09.06 | 219 | 259 |
09.06-16.06 | 299 | 329 |
16.06-23.06 | 369 | 399 |
23.06-30.06 | 419 | 439 |
30.06-07.07 | 539 | 559 |
07.07-14.07 | 549 | 579 |
14.07-21.07 | 579 | 609 |
21.07-28.07 | 619 | 639 |
28.07-04.08 | 619 | 639 |
04.08-11.08 | 619 | 639 |
11.08-18.08 | 619 | 639 |
18.08-25.08 | 509 | 519 |
25.08-01.09 | 449 | 469 |
01.09-08.09 | 329 | 349 |
08.09-15.09 | 299 | 319 |
15.09-22.09 | 229 | 249 |
22.09-29.09 | 149 | 179 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Попуст за превоз по лице:
Дете од 2-11,99год 10 € од редовната цена
Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од Халкидики (секоја Недела)
Цена по лице за превоз од Скопје | време на поаѓање | возрасен | деца 2-12 |
Скопје – Дрводекор | 04:00 | 45 | 35 |
Велес – БП Макпетрол-кружен тек | 04:30 | 45 | 35 |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03:40 | 60 | 50 |
Неготино – бензинска, Неготино | 05:00 | 45 | 35 |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06:00 | 45 | 35 |
Цена по лице за превоз од Битола | време на поаѓање | цена | |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 40 | 30 |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03:15 | 40 | 30 |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02:15 | 50 | 40 |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02:30 | 50 | 40 |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03:15 | 50 | 40 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
15:00 | 14:00 | Калитеа |
14:45 | 14:00 | Полихроно |
14:30 | 13:30 | Ханиоти |
14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 10€ по куфер