Состанок на групата во 23 часот и поаѓање за Црна Гора преку граничен премин Ќафасан со царински формалности и попатни паузи.
2. Ден 17.02.2023
БУДВА
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Прво застануваме кај Св. Стефан. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Пристигнување во Будва и сместување во студија. Слободно време за одмор, ручек, посета и прошетка на Стариот град , шопинг, и индивидуални активности. Ноќевање.
3. Ден 18.02.2023
БУДВА – БАОШИЌ – ХЕРЦЕГ НОВИ
Ден предвиден за факултативна посета и учество во традиционалната улична забава посветена на мимозите. Се упатуваме кон Баошиќи, место во кое се одржува централната манифестација и отворањето на Фестивалот на Мимозите. Се ќе биде жолто во знакот на прекрасното цвеќе кое и пркоси на зимата и цвета во фебруари. Собирањето е со кршење, а не сечење со ножици, колку повеќе се крши толку повеќе ќе цвета. Фестивалот е посветен и на виното и рибата, вкусната храна, на парадите, карневалот и мажоретките, искуство кое вреди да се види и доживее. Слободно време .
Во договореното време поаѓање за Херцег Нови кој исто така дише во боите на Фестивалот. Слободно време за прошетка . Попладне се враќаме преку Порто Монтенегро за Будва.
Патниците кои не доаѓаат ќе имаат слободен ден во Будва.
Ноќевање.
4.Ден 19.02.2023
БУДВА – КОТОР – МАКЕДОНИЈА
Во договорено време одјавување од апартманите и хотелот. Планиран факултативен излет до Котор, стариот град со ѕидините, Катедралата на Св. Трифун, Столбот на срамот, потоа Бока-которскиот Залив, посета на преубавото мало градче Пераст. Патниците кои не доаѓаат остануваат во Будва, и ќе бидат информирани за време и место на поаѓање према Македонија (планирано во пладневните часови). Пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 ЕУ
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања во вили во Будва
Организација и водство на патувањето
Лиценциран пратител на групата за време на целото патување
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Туристичка такса Будва – 2 еур
Факултативен излет до Баошиќи и Херцег Нови – 15 еур (со вклучен траект)
Факултативен излет до Котор и Пераст – 15 еур
Важно
За реализација на овој аранжман, потребен е минимумод 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Доплата 10 еу за селекција на седиште
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување