БЕЛГРАД-НОВИ САД-ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
08.03.2024 – Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови околу 01:00 часот од Битола, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградската тврдина, Калемегдан како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова. Во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Слободно време или факултативно забава во ресторан со жива музика на Скадарлија. Ноќевање.
09.03.2024 – Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник(Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.
10.03.2024- Појадок. Одјавување од хотелот околу 08:30 часот. Се упатуваме према факултативно крстарење на Дунав и Сава околу сат и половина. На крај од програмата се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА 119 ЕУ за резервации до 10.02
РЕДОВНА ЦЕНА 129 ЕУ
Доплата за еднокреветна соба + 40 еу по лице
Деца до 12 години со двајца возрасни во соба плаќаат 60 еу
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување ( Информации во агенција )
СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ (со вклучена дегустација) + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – 25 еу (со локален водич)
ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –20 еу
Туристичка такса 1.5 по лице по ден
НАПОМЕНА!!!