ЕДНОДНЕВНА ПРОШЕТКА
Поаѓање во 05:30 часот од пред Спортска сала Битола преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи и царински формалности.
Јанина или Јанино —главен и најголем град во областа Епир на бреговите на езерото Памвотис, на надморска височина од 500 метри, плени со природните убавини и историските споменици, кои се секогаш интересна понуда за туристите.
Туристите во Јанина може да уживаат во музејските поставки и продавници на сребро и злато во овој град, а на гурманите им се нуди голем избор на таверни и ресторани со богата понуда на храна – од локални специјалитети до современа грчка кујна. Тука се наоѓа Куќата на Матеј Хусеин, Отоманската џамија на Вели Паша и целиот тој историски простор во центарот на градот е една голема и уникатна атракција. Јанина отсекогаш била мултикултурна, каде заедно и сложно живееле и Христијаните, Муслиманите и припадници на Еврејската заедница….
Во пладневните часови во договор со водичот се упатуваме према Мецово, живописно градче кое што е изградено во форма на амфитеатар на надморска височина од 1200 метри, каде што сите куќи се изградени во традиционален стил од камен и дрво. Слободно време за индивидуални прошетки…
Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Цена: 1200 денари
*За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. *Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
*Патната исправа е лична обврска, при што важноста на пасошот треба да биде три месеци пред истекување.