МАНАСТИР ТУМАНЕ – ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО
1.ДЕН 19.11.2021 Петок – Се поаѓа во 23:00 часот од Битола. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.
2.ДЕН 20.11.2021 Сабота – Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Од 08 часот започнува литургијата, после тоа од 09 часот манастирот е отворен за молитви за посетителите. Во договорено време со водичот се упатуваме кон Голубац град каде се посетува Голубачката тврдина. Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335 година. Од повисокиот дел и бројните кули на оваа тврдина се протега поглед кон територијата на Романија и кон широкото корито на реката Дунав. По посетите се поаѓа за Сребрено Езеро. Сребрено езеро е вештачко езеро на десниот брег на реката Дунав. Сместување во апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи по брегот на Дунав. Посебен впечаток оставаат околните паркови и шуми, прекрасно уредениот простор, прекрасните викендички со посебен стил, а пред се убавината на самото езеро. Можност за организирана вечера во ресторан. Ноќевање.
3.ДЕН 21.11.2021 Недела – Одјавување од апартманите. Факултативно крстарење по ДУНАВ чија глетка ги воодушевува туристите, особено погледот кон планините и замоците. После крстарењето одиме во Ниш каде ќе имаме слободно време за ручек, кафе, шопинг во тговски центар, прошетки околу 2 часа. Во попладневните часови се поаѓа за Македонија преку граничен премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 55 еу
Поаѓање од Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово
Во цената е вклучено:
* Превоз на наведената релација
* 1 ноќевање со појадок во вили во Сребрено езеро
* Пратител на групата за време на целото патување
* Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
* Влезница во Голубачка тврдина со локален водич и презентација – 10 еу
* Патничко осигурување
* Крстарење по ДУНАВ (час и половина)- 20 еу
Напомена!!!