ПРАГА – 8 – ми Март
1 ДЕН (05.03.2020 – четврток) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 06.30 часот. Поаѓање за Чешката Република во 07.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, г.п.Келебија, Будимпешта, Братислава…Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (06.03.2020 – петок) : ПРАГА Пристигнување во Прага во утринските часови – разглед на градот со стручен водич… Карловиот мост, Староградскиот плоштад со надалеку прочуениот астрономски саат Орлој, обиколка на Прашкото гето – еврејскиот кварт со десетина синагоги, Старомјесне намјести, Вацлавске намјести, Народниот музеј, Народниот театар, стариот дворец – Храдчани, монументалната катедрала на Св.Вид со капелата на Св.Венцеслав и гробниците на Чешките кралеви, старата кралска палата, Владиславова сала, базиликата на Св.Ѓорги и Златната улица, чиј изглед е неизменет од XVI век. Премин преку Влтава на Карловиот мост, обиколка на старата кула на мостот и споменикот на Карло IV. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – факултативно крстарење по Влтава, од каде од една друга перспектива ќе го доживеете центарот на градот…Ноќевање.
3 ДЕН (07.03.2020 – сабота) : ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ Појадок. По појадокот – факултативен полудневен излет до Карлови Вари со стручен водич, најпозната бања во Средна Европа, место каде престојувале многу европски властодршци, врвни сликари, поети…Враќање во Прага во касните попладневни часови. Вечерта – факултативна посета на Национален ресторан со комплетно мени и програма…Ноќевање.
4 ДЕН (08.03.2020 – недела) : ПРАГА – ВИЕНА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот…поаѓање за Виена во 09.00 часот. Пристигнување во Виена околу 15.00 часот, со попатна посета на FREEPORT OUTLET SHOPING CENTER…факултативен панорамски разглед на градот со стручен водич…Парламентот, Операта, Рингштрасе, замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), Катедралата Св.Стефан, палатата Белведере, палатата на Правдата, плоштадот на Марија Терезија…слободно време за индивидуален разглед на градот, или факултативна посета на летната резиденција на Хабзбурговците – дворецот Шенбрун…Поаѓање за Македонија околу 20.00 часот. Ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори…патот води преку Будимпешта, Белград, Скопје…
5 ДЕН (09.03.2020 – понеделник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8.620 ден. (139 €);
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во Прага, во хотел ASTRA*** (http://www.hotelastra.cz/), разглед на Прага со стручен водич, организација, водство и реализација на аранжманот. ТРАНСФЕР без надокнада за патниците од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, додека за патниците од Струга, Охрид, Ресен и Кичево – доплата за трансфер од 5 € по лице.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно – историските споменици, патничкото осигурување 150,00 ден. по лице. ПРАГА – ФАКУЛТАТИВА : Крстарење по Влтава – 15 € по лице – препорака!, Карлови Вари – 25 € (минимум 30 лица) – препорака!, Вечера во Национален ресторан со мени и програма – 30 € (минимум 30 лица) – препорака! ВИЕНА – ФАКУЛТАТИВА : Разглед на градот со стручен водич – 10 € по лице, посета на дворецот Шенбрун – 25 € по лице.
НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
НАПОМЕНА!!!
За реализација на аранжманот се потребни 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.