1 ден 26.04.2019 –Битола- Јанина – Парга
Состанок на групата во 06,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Парга во 06:30 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Парга во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Ноќевање 1.
2 ден 27.04.2019 Сабота Целодневна екскурзија Крф
Појадок. Заминување за Игуменица во раните утрински часови . Пристигнување на пристаниште Игуменица во утринските часови. Трансфер со фериброд до островот Крф. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде што ке се следи свеченоста по повод Велигден и фрлањето на ќуповите. Точно во 10 ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Заминување на групата за качување на ферибот. Враќање во Парга. Слободна вечер. Ноќевање 2.
3 ден 28.04.2019 Недела Целодневна екскурзија Лефкада
Појадок. Организирано заминување за екскурзија Лефкада во 10,00 часот. Посета на градот Лефкас како и разглед на островот од морска страна , со прекрасната природа, надалеку прочуените крајбрежја. ФАКУЛТАТИВНО-Организирано крстарење на Лефкада и островот Скорпиос….15 Еур. Можност за факултативен ручек во рибен ресторан – таверна. Заминување за Македонија. Пристигнување во Битола во попладневните часови. Организирани трансфери по градови.
Цена: 99 Еур/ 6.138 мкд (деца 2-12 години со 2 возрасни 2900 денари)
…..Сопствен превоз на барање….
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Цени за сопствен превоз: 1/2 студио 35 Еур/наем на ден, 1/3 студио 40 Еур/наем на ден, 1/4 студио 45 Еур/ден, 1/5 апартман 60 Еур/ден
Цените се дадени во Еур за плаќање во денарска противвредност.За реализација на овој програм потребни се минимум 40 патници.Со овој програм важат општите услови на патување на СКТМ