Балканска тура хит патување и за оваа сезона !!!
На Балканот се наоѓаат прекрасни туристички места кои го добиваат заслуженото внимание, а ние ќе се потрудиме да ви доловиме некои од нив.
ПРОГРАМА 8 НОЌЕВАЊА – 9 ДЕНА
ДВА ТЕРМИНИ:
22.07.2023-30.07.2023
05.08.2023-13.08.2023
1 ДЕН / БИТОЛА – БЕЛГРАД
Планирано поаѓање во 06:00 часот наутро од Битола од пред Спортска сала. Пристигнување во Белград околу пладне, главниот и најглем град во Р.Србија кој се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Сместување во Хотел. Во вечерните часови планирана вечера на Скадарлија – боемски квартал која го зачувала амбиентот на стара традиционална градска архитектура со голем број на ресторани и гостилници и претставува туристичка атракција и еден од симболите на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ДЕН / БЕЛГРАД
Појадок. Во 08:00 часот се упатуваме према разглед на Белград (бус+пешачка тура).
Планирано за посета во Белград:
Храмот Св.Сава – најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот после Црквата на Исус Христос Спаситеот во Москва…
Куќата на Цвеќето – составен дел од Музеј Југославија сместено во Дедиње и претставува место каде што е погребан поранешниот претседател на СФРЈ – Јосип Броз Тито…
Калемегдан – тврдина и урбана но не населена населба во Белград која се наоѓа во белградската општина Стари Град на десниот брег на Сава на местото каде се влева во Дунав….
Кнез Михајлова – пешачка зона заштитена со закон како едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград …
Откако ќе завршиме со разгледот време за ручек во Земун градска населба во сотавот на Белград на десната обала на Дунав. Земун настанал на местото каде се наоѓа кулата Гардош околу 4500 година пне. Гардош претставува импозантна градба од која се отвора прекрасен поглед према Дунав и Белград….
После ручекот поаѓање према Загреб. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН / ЗАГРЕБ – ППЛИТВИЦЕ – БИХАЌ
Појадок. Во 08:00 часот се упатуваме према разглед на Загреб главен и најголем град во Р.Хрватска (бус+пешачка тура). Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период. Уникатниот спој на средовековни кули, палатите од 19-от век, античките катедрали, пазарите на отворено, го прават Загреб совршен град за уживање.
Планирано за посета во Загреб:
Марков Трг – познат и под името Радичев трг и претставува седиште на најзначајните државни институции како што се Владата на Р.Хрватска, Уставниот Суд и Собранието…
Кулата Лотрсчак – се наоѓа во стариот дел од градот наречен Градец или Горњи Град и е еден од симболите на градот
Загребска Катедрала – една од најзначајните и најголемите хрватски културно-историски градби….
По разгледите поаѓање кон Плитвице едно од работите кои задолжително мора да ги посетите во Хрватска. Претставува Национален Парк кој е прогласен за светско наследство од УНЕСКО и заштитено подрачје од 1979 година. Откако убаво ќе се прошетаме во прекрасната природа се упатуваме према Бихаќ, градче кое се наоѓа на сама граница помеѓу Р.Хрватска и Босна и Херцеговина. Се сместуваме во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ДЕН / ЈАЈЦЕ – МЛИНЧИЧИ – ТРАВНИК – САРАЕВО
Појадок. Во 08:00 часот поаѓање према Јајце, историски град кој се наоѓа на вливот на реката Плива во Врбас. Најзначајна туристичка атракција во градот е водопадот на реката Плива и малите воденици на реката кои се стари и повеќе од 400 години. По разгледите продолжуваме према Травник каде имаме предвидено ручек и ќе ги вкусите најубавите босански ќебапи. После ручекот поаѓање кон главниот град на Босна и Херцеговина – Сараево. Разглед на градот (бус+водич)…Градот на различностите, градот на контрасти кој нуди за секого по нешто, по неговите улици може да се видат и цркви и џамии, и модерни трговски центри, и стари рушевини кои сведочат за војната во Босна…. Луѓето кои патуваат во Сараево немаат преголеми очекувања за градот, па можеби тоа е главната причина што овој град секогаш изненадува….Прошетки низ Башчаршија..Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
5 ДЕН / САРАЕВО – МОСТАР
Појадок. Во 08:00 часот поаѓање према Тунел Спаса, неизбежна туристичка атракција и музеј во кој се зачувани бројни експонати од време на опсадата на Сараево…изграден е под аеродромската писта 1993 година и е долг 758 метри. По разгледот продолжуваме према Мостар при што попатно го посетуваме Титов Бункер изграден на околу 300 метри под земја, во близина на градот Коњиц. Воениот објект под шифра Д-О „АРК“ бил граден под превезот на таинственоста дури 26 години меѓу 1953 и 1979 година, во времето на Студената војна, а опремен е со најсовремената технологија од тоа време. Денес овој бункер е уметнички музеј за разни уметници од целиот свет, но и потсетник на времето кога заканата од нуклеарна војна била секојдневие… По разгледот поаѓање према Мостар. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
6 ДЕН / МОСТАР – БЛАГАЈ – ДУБРОВНИК
Појадок. Во 08:00 часот со групата се упатуваме кон стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка… По разгледот на Мостар се движиме према Благај или Врело Буна извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката… Групата има слободно време за прошетка, фотографии… Ручекот е планиран во градот Неум ведно единствениот приморски град во Босна и Херцеговина. По ручекот поаѓање кон Дубровник. Пристигнување во најпознатиот хрватски град или бисерот на Јадранот кој е заштитен од УНЕСКО и е примамлива дестинација за сите познати личности од светот. Слободно време за разглед на Стариот град и тврдините, главната улица Страдун итн. По разгледите се продолжува за Црна Гора, ноќевање и вечера во Херцег Нови.
7 ДЕН / КОТОР – БУДВА – ПОДГОРИЦА
Појадок. Во 08:00 часот поаѓање кон Котор. Oна што треба да се посети е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Градот е еден од објектите на светското наследство на УНЕСКО. По разгледот се движиме према Будва. Време за ручек и разглед на градот кој претставува центар на туризмот во Црна Гора. Будва е позната по Стариот дел на градот кој со својата архитектура привлекува илјадници туристи. Стариот град се состои од единствена архитектонска и урбанистичка целина, опкружен со средновековни ѕидини, тврдини, кули и порти. Низ тесни улички, мал пазар и плоштади, подредени се кафулиња, бутици, барови, ресторани и галерии. За време на летните месеци, благодарејќи на претставите, концертите и изложбите, Стариот град станува Град на театар, така е наречен и фестивалот кој од 1987 година го оплеменува стариот приморски град и му дава посебна боја и шарм. По разгледот на Будва продолжуваме према Подгорица главниот и најголем град во Црна Гора. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
8 ДЕН / ПОДГОРИЦА – ПРИЗРЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Во 08:00 часот разглед на Храмот Христово Воскресение. Храмот се градел цели 20 години од 1993 година и денеска претставува трета по големина Православна катедрала во светот по соборниот храм Христос Спасител во Москва и катедралата Свети Сава во Белград. По посетата се поаѓа кон Призрен Позиционирано во центарот на Балканскиот Полуостров, Косово е важна врска меѓу Централна и Јужна Европа, меѓу Јадранското и Црното Море. Изграден низ многу векови со спој од архитектури со доминантно Отоманско влијание, Призрен дефинитивно е еден од најатрактивните градови во Косово. Време за ручек и разглед на градот, потоа поаѓање кон Скопје. Вечера. Ноќевање.
9 ДЕН / СКОПЈЕ – ОХРИД
Појадок. Во 08:00 започнуваме со разглед низ центарот на главниот град на Македонија во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар и поаѓање према Охрид културно историски град на Република Македонија, град со многу содржини и убавини. Никој не би останал рамнодушен, чекорејќи по плочниците по кои е испишана неколку милениумската историја, или пак уживајќи во галењето на светликавиот одблесок на сонцето од водите на Охридското Езеро. Ручек. Во вечерните часови враќање во Битола.
Цена на аранжманот: 880 еу по лице во двокреветна соба
Во цената е вклучено:
– Превоз на дадените релации
– Туристички придружник за време на патувањето
– Сите наведени оброци во програмата ( појадок, ручек, вечера)
– Сите наведени разгледи
– Локални водичи
– Туристички такси
Во цената не се вклучени:
Индивидуални трошоци
Важно:
Краен рок за пријавување на овој аранжман е 25.06.2023 заради обемот на организација на програмата како и планирање на хотели, влезници, водичи со оглед на летната сезона.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 25 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош.
Пасошот да не биде постар од 6 месеци пред истек (За македонски пасоши) !
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 10 евра за два правци и право на избор на седиште.