Мариово е област која се наоѓа во крајниот јужен дел од Македонија. Карактеристична е по својата долга историја, традиција и култура. Од сите страни е заградено со просторни планински масиви на планините: Ниџе, Кожув, Селечка, Дрен планина и Козјак. Низ областа Мариово тече реката Црна која е најкарактеристична клисура на територијата на Република Македонија, каде во најдолниот дел е формирано вештачкото Тиквешко езеро.
Селото Зовиќ се наоѓа во средишниот дел од областа Мариово и припаѓа на општина Новаци. Карактеристично е поради неговата местоположба бидејќи е сместено на карпеста зарамнетост над самиот лев брег на Градешка река.
Се поаѓа во 07:00 часот од пред спортска сала Битола. Патот води преку село Логоварди, Новаци, Маково и село Рапеш. Пределот изобилува со прекрасна гледка на една недопрена природа. Прво пристигнување е во селото Градешница – родното село на Итар Пејо, сместено покрај Градешка река на 800 метри надморска височина. Во центарот на селото ќе ја посетиме црквата Св.Никола и изработениот споменик во вид на коњ со дигната нога кој всушност има за цел да покаже дека животот ја победува смртта, истиот е изработен од експлозивни средства кои се пронајдени во тој регион. По разгледите продолжуваме кон посета на манастирот Св.Атанасиј сместен во т.н Старавинско тумбе од каде има прекрасен поглед кон Тврдината Пешта кој е поврзана со приказната за Калеш Анѓа. Потоа патот води кон селото Зовиќ каде се прави разглед на филмскиот мост на Градешка река, каде се снимени сцени од играниот филм на Прашина на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски. Во близина на мостот на една карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи како остаток од пештерното црквиче кое некогаш таму постоело, а исто така тука постои и воденица која е возобновена. По посетата се поаѓа во Етно куќа т.н “Кај мостот село Зовиќ” каде е предвиден ручек на традиционален мариовски начин. Во договорено време се тргнува назад кон Битола.
ПРОМО ЦЕНА – 990 мкд
ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ВАУЧЕРОТ “КУПУВАМ ДОМАШНО”
Во цената е вклучено
Превоз на наведената релација
Организација и водство на патувањето
Пратител на групата
РУЧЕК -месо под вршник 300 грама, гарнир компир, пиперка домат, салата салашка (кромид, домат, краставица, пиперка), леб од фурна, свирипиле (макало), слатко од смокви
Во цената не се вклучени пијалоци