Прв ден: 02.03.2024
Се поаѓа во 06:00 од пред спортска сала Битола преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во Воден, посета на водопадите и индивидуални прошетки низ Воден. Потоа поаѓаме према Лутраки. Селото е сместено на јужната страна на планината Кајмакчалан. Прекрасен предел низ кој тече реката Топлица од која произлегуваат надалеку познатите термални извори каде се наоѓаат прекрасни бањи кои располагаат со два мали и еден голем базен каде температурата на водата е константна и преку целата година изнесува 37, 38 степени. Собир на групата во договорено време со водичот. Сместување во вили. Вечерта можност за организирана забава во кафана со жива музика. Ноќевање.
Втор ден 03.03.2024
Во утринските часови одјавување од вилите и поаѓање према Костур. Градот е изграден на брегот на Костурско Езеро. Градот е познат по големиот број на продавници и фабрики за крзно и текстил. Прошетки низ центарот на градот каде се наоѓа и прекрасна пешачка патека долж езерото, каде наоколу има и голем број на ресторани и кафулиња. Потоа поаѓање према Пештерата на Змејот која се наоѓа на северот од градот. Неговиот влез е околу 20 метри оддалечен од езерото и 14 метри од патот. Внатрешноста на пештерата е поделена во големи делови од копно и вода и двете се со впечатлива декорација на сталактитите. Постојат 7 подземни езера, 10 соби и 5 коридори-тунели во пештерата. По завршување на посетите во договорено време поаѓање према Битола. Пристигнување во вечерните часови.
Промо ЦЕНА: 2900 мкд за резервации до 20.02.2024
Редовна цена: 3500 мкд
Во цената е вклучено:
Превоз на наведената релација
1 ноќевање во вили во Лутраки
Посета на Воден и Костур
Во цената не е вклучено:
Влезница во Пештерата на Змејот – информации дополнително
Вечера во ресторан со жива музика – 20 еу
Влезница во базените
Патничко осигурување
НАПОМЕНА!!!