Вила Зевс се наоѓа на околу 400 метри од плажа, сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Студиата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 5 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат. Студиата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет. Студиата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студиата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.
Термини | Редовна цена | Промо цена |
29.05-05.06 | 129e | 109e |
05.06-12.06 | 139e | 118e |
12.06-19.06 | 149e | 126e |
19.06-26.06 | 159e | 135e |
26.06-03.07 | 169e | 143e |
03.07-10.07 | 179e | 152e |
10.07-17.07 | 199e | 189e |
17.07-24.07 | 219e | 186e |
24.07-31.07 | 235e | 199e |
31.07-07.08 | 235e | 199e |
07.08-14.08 | 235e | 199e |
14.08-21.08 | 235e | 199e |
21.08-28.08 | 209e | 177e |
28.08-04.09 | 179e | 152e |
04.09-11.09 | 149e | 126e |
11.09-18.09 | 139e | 118e |
18.09-25.09 | 129e | 109e |
25.09-02.10 | 119e | 101e |
Што е вклучено во цената
НАПОМЕНА: Патниците коишто патуваат со организиран превоз задолжително треба да доплатат за билет за траект на релација Игуменица- Крф- Игуменица кој изнесува 15 – 30 евра чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите ! Билетот е за во два правци.