Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.
Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.
Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полу пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.
Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање од Љорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег и сместување во хотел. Слободно време.Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. Ноќевање во Кан/Ница.
Појадок. Напуштање на собите и слободно време на Азурниот брег. на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.
Пристигнување во вечерните часови.
Достапни термини за ова патување:
Хотел 3* | Хотел 4* | |
Термини | 1/2 | 1/2 |
31.05-11.06 | 479€ | 579€ |
14.06-25.06 | 549€ | 649€ |
28.06-09.07 | 579€ | 679€ |
12.07-23.07 | 639€ | 739€ |
26.07-06.08 | 679€ | 779€ |
09.08-20.08 | 679€ | 779€ |
23.08-03.09 | 679€ | 779€ |
06.09-17.09 | 579€ | 679€ |
13.09-24.09 | 499€ | 599€ |
***ПОПУСТ ЗА ДЕТЕ ДО 12 ГОДИНИ – 50 ЕВРА ***
***ПОПУСТ ЗА 3-ТО ЛИЦЕ ВОЗРАСНО ВО СОБА – 30 ЕВРА***
***ВКЛУЧЕНА ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА, БЕЗ ДОПЛАТИ И СКРИЕНИ ТРОШОЦИ***