Магичната земја ИСТРА (Terra Magica)
Опатија-Пула-Пореч-Ровињ-Порторож-Изола-Копер
07.03.2019–Четврток– Поаѓање во 14 ч, се патува преку Белград, Загреб, ноќно возење со попатни одмори.
08.03.2019-Петок—Пристигнување во Опатија во утринските часови, каде ќе се видат: симболот на градот-Девојката со Галебот, улицата на славните, паркот и вилата Анџолина, хотелот Кварнер. Потоа се продолжува до најмалиот град во Европа – Хум со функционални градски институции и градски зидини. Продолжување за Пула, сместување, па разглед на градот – кој изобилува со споменици од Римскиот период: Арената, Августовиот храм, Форумот, Златната врата. Ноќевање.
09.03.2019-Сабота– Појадок. Факултативен излет со водич до: Пореч – град со 2000 години историја, добро сочуван стар град, комлексот Еуфразијева базилика од 5 век е под заштита на УНЕСКО, Романичката куќа од 13 век, Петерокутната кула, палата Зукато, плоштадот Марафор.. Потоа се оди за Врсар – мало туристичко и рибарско место, со сочувани зидини и влезна градска врата, црква со црковно звоно. Се продолжува за Ровињ – каде вреди да се посетат: Стариот град, зидините и вратата, црква св. Еуфемије. Враќање во Пула. Можност за факултативна вечера. Ноќевање.
10.03.2019-Недела– Појадок. Заминување од Пула за Порторож – Јадранскиот бисер на Словенија, каде службен јазик е Италијанскиот. До 19 в Порторож бил рибарско место но и со многу солани, кои денес се напуштени. Може да се посетат: Музејот на Солинарство, црквата св. Марија од Розарија од 13 в… Пиран: прекрасно приморско градче во Словенечка Истрасо тесни улички, прекрасни градби, стара архитектура и богато културно наследство, плоштадот, споменикот и куќата на Џузепе Тартини – познат композитор и виолинист, градската куќа, црквата св. Јури…. Се продолжува кон Изола – некогаш остров, сега градче со богата историја и рибарска традиција, каде може да се види Барокната палата – Басенги, Жупанската црква св. Мавра. На крај се оди во Копер – каде ќе се видат: Праеторската палата, Титовиот плоштад, Коперската катедрала, Кулата Бел, Ротондата.
Вечерта поаѓање за МК, ноќно возење со одмори.
11.03.2019-Понеделник–Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ЦЕНА: 7900 денари
Во цената се вклучени следните услуги:
– превоз со туристички автобус на дадената релација
– сместување во хотел Пула со 3* – 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Пула со локален водич
– посета на: Опатија, Хум, Порторож, Пиран, Изола, Копер
– организација и придружник на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги:
– патничко здравствено осигурување
– целодневен излет со локален водич до: Пореч, Врсар, Ровињ – 15 €
– влезници за посетите на културно историските споменици
– доплата за факултативна вечера