Вилата Velissarios e скромен но навистина одличен објект за престојување во Врахос. Лоциран во вториот дел од местото, во непосредна близина на плажата, се препознава по белата градба опкружена со сенките на маслиновиновите дрвја во неговата градина. Располага со повеќе двокреветни и трокреветни студија, опремени со едноставен мебел, но со соодветен ентериер и одлична хигиена. Цената за престој во овој објект е меѓу главните атрибути во оваа се поскапа и се поактуелна сезона.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектот (каде што е достапен)
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Автобуски превоз за ЈОНСКИ БРЕГ, според табелата од пакет аранжманот
Место и време на поаѓање:
Скопје 00:30 h (паркинг спроти хотелот “Holiday Inn”)
Велес 01:00 h (БП, мотел Македонија)
Градско 01:10 h (патарина Градско)
Росоман 01:20 h (БП Црна Река петрол 1)
Прилеп 02:15 h (БП Лукоил)
Битола 03:15 h (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: истиот ден попладне
Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово 23:00 h * (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар 22:00 h * (паркинг кај Дом на култура)
Тетово 23:00 h * (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани 23:00 h * (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип 23:45 h * (паркинг пред пошта)
Радовиш 23:00 h * (БП Макпетрол)
Струмица 23:45 h * (паркинг пред Тинекс)
Кичево 01:00 h (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга 01:15 h (хотел Дрим, трафики)
Охрид 01:30 h (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен 02:15 h (спроти автобуска станица)
Кавадарци 01:20 h (БП Црна Река петрол 1, Росоман-Сирково)
* Превоз со конекција од градови обележани со “*” поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Sivota/Parga/Vrahos/Kanali (525 km)
Скопје-Битола (E75/Е65), Битола-Kozani (E65),
Kozani-Igumenitsa(E90), Igumenitsa-Sivota-Parga-Vrahos (E55)
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), патарини GR 5,80 €