Вила Natassa Valentino. Една од најпопуларните вили во Полихроно, сместенa на 90 метри од плажа и на 800 метри до центарот на градот. Погодна за семејства со деца. Прекрасен зелен двор со лежалки, маси, играчки за деца, гарнитура за седење, скара, како и заграден паркинг исклучиво за гостите на вилата. Сместувачките единици на овој објект, се состојат од класични апартмани 1/3 + 1 и 1/4 дуплекс. Апартманите 1/3 + 1 се сместени на сутерен, прв и на втор спрат. 1/4 дуплексите се сместени на сутерен. Сите апартмани во вилата имаат купатило, ТВ, клима, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемати, комарници, бебешко креветче (по потреба).
ОПИС НА АПАРТМАНИТЕ :
1/3 +1 АПП: се наоѓаат на сутерн и прв спрат. Составени се од комплет опремена кујна (на сутерен се со шпорет и комбиниран фрижидер), кревет на развлекување погоден за 1 возрасен и 1 дете, спална соба од која се излегува на пространа тераса, се наоѓаат два стандардни кревети, купатило,ТВ, клима Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна …
(можност за сместување на 3 возрасни и 1дете до 12 г. ).
1/4 дуплекс: се наоѓаат на сутерн. Составени се од две одвоени спални соби (едната со француски лежај, а другата со два стандардни кревети), кујна, Wi-Fi (вклучени во цената), кафемат, комарник, тераси на предната и задната страна ….
(можност за сместување на 4 возрасни)
Сутерен (бр. 1 , 2 , 3)
бр.1 спална + 2 посебни кревети (Д)
бр.2 спална + 1 на развлекување (А)
бр.3 спална + 1 на развлекување (Д)
I спрат (бр. 4,5)
2 апартмани 1/3+1 – две тераси (напред и назад)
бр.4 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)
бр.5 спална со 2 оделни кревети+ 1 на развлекување (А)
За хигиената на апартманите, секој гостин се грижи за својот апартман. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Вилата се смета за една од нај одржуваните , затоа да бидеме добри гости. Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Топлината која ја има вилата и самиот амбиент во неа, дава слика како да е една кука за големо друштво или голема фамилија, затоа и самите балкони едни од други не се физички оделени. И како што им кажуваме на сите наши гости … сакаме да ги третираме сите како наши пријатели и семејство, нормално и тие да се чуствуваат така мегу себе.
Дворот е посебна приказна за добра денска или нокна седенка, прекрасната трева, палмите и сите додатни елемнти вонего, даваат можност за секој гостин вонего да го најди својот мир. Двор во кои ке можат сите од деца до родители да уживаат вонего. Секако колку што е грижата на градинарот ,треба и да биде и грижа на секој гостин да ја задржи таа убавина. Најмаладите можат да уживаат во многубројните играчки , возрасните дружење покрај скарата.
ЛОКАЦИЈА:GPS 40.020721,23.519095
Одалеченост:
Солунски аеродром: 87км
Ханиоти: 5км
Пефкори: 9км
Калитеа: 11км
Центар на Полихроно 800м
Организирана плажа со лежалки, кафе / пијалоци и водни спортови: 150 метри (пеш) !!!
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.