Вилата се наоѓа близина на центарот на Лептокарија, на втор ред од плажа, на 50м од плажа, опкружена во зеленило и големи сенки од чинари, за оние кои сакаат свежи пријатни ноќи, во мирен дел на туристичкото место, идеална за оние кој посегнуваат по мирен одмор, и за оние кои патуваат со сопствен превоз има можност за паркирање возила пред вилата. Располага со убаво уредени двокреветни трокреветни и четворокреветни студиа. Сите студиа се опремени со бања, комплетна кујна, прибор за јадење и готвење, ТВ, клима уред (не е вклучен во цена-5€ на ден), тераса со маса и столици. Кога се одвива смената на термините, и кога доаѓаат или заминуваат патниците, во дворот се поставени маси и столици за чекање, исто така има и тоалет на располагање.
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 08.06.2022