Вилата ELEFTERIA се наоѓа во Олимпик Бич, на околу 150 мери од градската плажа и во убаво уреден двор. Од нејзините карактеристики, како место за дружење и сервис за туристите во одење и враќање, се издвојува големата тераса со потребните содржини (тоалет, ладилник, решо…). Таа располага и со 16 убаво уредени (1/2, 1/3 и 1/4) студија, распоредени на приземје и три ката од вилата. Сите студија се опремени со тоалет и мини кујна, клима и ТВ уред, како и сопствен балкон со тенда. Вилата има Wi-FI интернет, активен во период од 01.06 до 30.09.