БУДВА
01.06.2023 – Состанок на група во договорено време. Ноќно и денско патување со паузи и царински формалности.
02.06.2023 – Пристигнување во раните утрински часови во Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со водич, се посетува стариот град во Будва. Доколку има интерес од страна на групата, можна е дружба во некои од кафулињата или на плажа. Ноќевање.
03.06.2023 – Во 09:15 часот состанок со групата пред вила, 09:30 часот поаѓање кон Котор и Тиват. Првото место за посета е Котор. Забавата започнува кога одиме на крстарење. Она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно, нешто ново кое е понудено на македонскиот пазар. Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Ноќевање.
04.06.2023 – Одјавување од вилите во 08:30 часот и заминување кон Бар со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према градот Бар. Во Бар она што треба да се посети е храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар до 12 часот и заминување кон Македонија. Пристигнувањето во вечерните часови.
Цена – 79 еу по лице промо цена до 15.05.2023
РЕДОВНА ЦЕНА – 89 ЕУ
Во цената е вклучено
Во цената не е вклучено
Факултативни излети
КОТОР + КРСТАРЕЊЕ СО ГЛИСЕР + ПЕРАСТ + ПОСЕТА НА ГОСПА ОД ШКРПЕЉА + ТИВАТ = 35 еу
Факултативата е дадена како пакет цена и не се зема поединечно.
Важно