БЕЛГРАД-НОВИ САД-ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА-СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
02.06.2023 – Планирано време за поаѓање према Белград во раните утрински часови околу 01:00 часот од Битола, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови, со локалниот водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградската тврдина како и прошетки и кафе по Кнез Михајлова или ручек на Скадарлија доколку има интерес од групата. Во договорено време собир со групата и упатување према хотел, сместување. Ноќевање.
03.06.2023 – Појадок. Планирано поаѓање во 09 часот кон факултативен целодневен излет до Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн.. Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кои едно од нив било на менито на Титаник(Бермет). Во договрено време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градското собрание..слободно време за кафе и ручек. Во договорено време се враќаме за Белград. Ноќевање.
04.06.2023- Појадок. Одјавување од хотелот околу 08:30 часот. Факултативна посета на ЗЕМУН, градска населба во сотавот на Белград на десната обала на Дунав. Земун настанал на местото каде се наоѓа кулата Гардош околу 4500 година пне. Гардош претставува импозантна градба од која се отвора прекрасен поглед према Дунав и Белград. Во Земун се наоѓа и најстарата православна црква во Белград, Св.Никола, земунскиот кеј со многубројни кафетерии, ресторани, познато е местото по боемскиот и уметничкиот дух…По прошетките се упатуваме према факултативно крстарење на Дунав и Сава околу сат и половина. На крај од програмата се упатуваме према трговски центар Ушче, слободно време за индивидуални прошетки во трговскиот, време за ручек, кафе или шопинг… Околу 15 часот планирано време за поаѓање према Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6500 денари по лице
Доплата за еднокреветна соба + 30 еу по лице
Деца до 12 години со двајца возрасни во соба плаќаат 60 еу
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување ( Информации во агенција )
СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ (со вклучена дегустација) + ПЕТРОВАРАДИНСКА ТВРДИНА + НОВИ САД – 25 еу (со локален водич)
ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ И САВА –15 еу
ЗЕМУН СО КУЛАТА ГАРДОШ – 10 еу (со локален водич)
Туристичка такса 1.5 по лице по ден
НАПОМЕНА!!!