1 ден (28.12.2019) Сабота: Македонија – Загреб
Состанок на групата пред спортска сала Младост во 17:30 ч. Заминување во 17:30 ч. од Битола, попатнo Прилеп (бензиска Лук Оил ), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници.
Продолжување на патот преку Србија, царински формалности, попатни одмори, ноќно возење.
2 ден (29.12.2019) Недела: Загреб
Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Попладне разглед на Загреб со професионален туристички водич:
Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век ) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути)…. Ноќевање.
3 ден (30.12.2019) Понеделник: Загреб- Љубљана-Загреб
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разглед на градот со водич (посета на Прешерновиот плоштад, Љубљански град -стариот дел на Љубљана. Слободно време за индивидуални прошетки по кејот на реката Љубљаница и слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Во попладневните часови враќање во Загреб. Ноќевање.
4 ден (31.12.2019) Вторник: Загреб
Појадок. Слободен ден и уживање на убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќна магија на градот. Дочек на Нова Година, на еден од плоштадите или во дискотека (факултативно). Ноќевање.
5 ден (01.01.2020) Среда: Македонија
Појадок. Во претпладневните часови заминување за Македонија. Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење.
6 ден (02.01.2020) Четврток: Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови, Куманово, Скопје, Велес, Прилеп, Битола…
Цена за уплата до 02.12.2019: 179 ЕВРА
Редовна цена : 199 ЕВРА
Цена за дете до 6 години: 119 евра (спие во кревет со родител)
Во цената е вклучено:
-Превоз со туристички автобус на наведената релација
-3 ноќевања со појадок во хотел I 3* https://www.hotel-i.hr/
-Разглед на Загреб со професионален водич
-Посета на Christmas market (Advent Zagreb 2020) http://www.adventzagreb.com
-Придружник од агенцијата
-Организација и реализација на аранжманот
Во цената не е вклучено:
-Влезници за музеи и културно – историски споменици
-Патничко осигурување
-Неспомeнати услуги
-Личен трошок на патниците
– Факултативна посета на Љубљана со водич: 20 € (мин. 20 патници-резервации во агенција)
НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Аванс 30% од објавената цена, остатокот во рок од 15 дена пред поаѓање.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ, НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
– Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица( во зависност од факултативата).
Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. нешта агенцијата не сноси одговорност.
– Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци.
– Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи.
– Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 61,80мкд.
– Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
– За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност