Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac, оддалечен 70км од аеродромот во Анталија и 10км од Маневгат.
Вкупен број на соби 305. Стандардни соби (23-27м², една спална соба, купатило, некои соби се со француски балкон, максимум 3 лица), Голема соба со кревети на спрат (27м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, максимум 2+2 лица) и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при доаѓање, водата понатаму се надополнува), сеф, под со ламинат, сателитска ТВ и балкон (некои соби имаат француски балкон).
Ултра се вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневен чај и кафе, одредено време со торти, ноќни закуски. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 00.00 часот, бар со закуски на плажа од 10.00-17.00 часот, сладолед во одредени часови од денот, A’la Carte ресторани со предходна резервација и еднаш во тек на престој. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, премиум пијалоци и специјални вина, свежо цедени сокови, турско кафе, флаширани пијалоци, цевки за вода и собна услуга.
Главен ресторан со шведска маса, барови околку хотелскиот комплекс, A’la Carte ресторани – Турска и Италијанска кујна. Не е вклучено: доктор на барање, телефон, интернет, сервис за перење, чување на деца, шопинг центар, интернет кафе. WI-FI интернет конекцијата се наплаќа.
Хотелска приватна плажа, со ситни камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, Турска бања, сауна, џакузи, тениски терени (тврда подлога), пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни. Со доплата: спа центар, масажа, осветлување на тениските терени, сите видови на спортови на вода, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, дневни анимации и мини диско во вечерните часови.