Хотел VILLA MOON FLOWER APARTS&SUITES ****
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Аланија, на 130км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на апарт.соби: 79.
Сите апарт.соби се 25м2, со една спална, отворена кујна, макс2+2 лица, приватно купатило со туш и фен, клима, телефон, мини бар ( со доплата), сеф (со доплата), сателитска тв со музички канали, ламинатски под, тераса.
Услуга
Се вклучено, со шведска маса за појадок, ручек, попладневно кафе и колачи, вечера, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-23:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед и храна и пијалоци на плажа.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар крај базенот, снек бар. Доктор, перална, телефон, факс, интернет, рент а кар, продавници се со доплата. Wi-fi e бесплатно во лобито.
Плажа
Плажата е на 500м од хотелот, песочна, лежалки и чадори за сонце се наплатуваат. Покрај базенот лежалките и чадорите за сонце се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажата.
Спорт и забава
Надворешен базен за деца и возрасни, водени лизгалки. Водени спортови се со доплата.