Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy на само 2км од центарот на градот, и 75км од аеродромот во Antalyа.
Вкупен број на соби 334. Стандардни соби (25-32m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица), Поврзани фамилијарни соби (60m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица), Фамилијарни Дуплекс соби (45–50m², две спални соби (горе на спрат спална соба како галерија, едно купатило, макс.4 лица) и четири соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, тепих на под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, ручек, попладне кафе, чај и колачи, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови само за појадок, бар на плажа од 10.00 – 17.30 часот само со локални пијалоци, сладолед за време на одредени часови. Не е вклучено: специјални и премиум увозни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови, Турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци, специјални вина, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Sofra – Турска кујна, Lagos – Рибен ресторан, Portofino – Италијанска кујна, барови покрај базенот, бар на плажа од 10.00 – 18.00 часот, лоби бар. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, рент а кар, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет окнекција (со ниска брзина) е бесплатна во лоби и во собите.
Хотелска плажа, песочна, 250 метри од хотелот со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Има бесплатен превоз до плажа.
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг понг. Се доплаќаат: масажа, билијард, куглање и компјутерски игри, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.