Хотелот се наоѓа во областа Соргун, оддалечен 3,5км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 486, во главна здрада, анекс згради и Lake Houses. Делукс соби (27-28м², во главна зграда, една спална соба, купатило, максимум 3 лица), Делукс фамилијарни соби (45-52м², во главна зграда, две спални соби, купатило, максимум 4 лица, Garden Block стандард соби (27-28м², во градината, една спална соба, едно купатило, максимум 2+1 лице), Garden Block фамилијарни соби (42-43м², во градината, две спални соби, максимум 4 лица). Lake Houses се наоѓаат во градината каде што гостите имаат ВИП услуга. Сите соби се опремени со купарило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, под со ламинат, мини бар (вода, минерална вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, сеф, ЛСД ТВ со сателитска програма и музички канали, балкон или тераса. WI- FI интернет конекцијата е бесплатна.
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневен чај, кафе, торти, вечера, ноќни закуски, свежо цедени сокови само за појадок, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, A’la Carte ресторани со предходна резервација и еднаш во тек на престој, мини бар во собите (со безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода, пиво, се дополнува секој ден), дел со детска храна, диетална храна, бар на плажа. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, ексклузивни вина, Begonvil (Француски и Италијански A’la Carte ресторани), флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, цевки за вода.
Главен рестораан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Италијанска кујна (за деца под 12 години не е дозволен влез), Кинеска кујна, Турска кујна, Рибен ресторан, Steak House, Begonvil ресторан само за гостите сместени во Villa Houses. Барови околу хотелскиот комплекс кои служат пијалоци. Со доплата: доктор, чување на деца, перална, фризер, шопинг центар, телефон, интернет и интернет кафе, комјутерски игри, изнајмување на автомобил. WI-FI интернет конекцијата во лоби, собите, областа околу базенот и во вилите е бесплатна.
Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, +16 базен (само за возрасни), аква парк со лизгалки на вода за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг се бесплатни. Со доплата: масажа, спа центар, билијард, куглање, осветлување за тениските терени, часови по тенис, спортови на вода. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во текот на вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-16 години поделени во групи според возеаст со програми во текот на денот и вечерните часови.