Хотелот е лоциран во Белек, 33km од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби – 594, во двокатни и трокатни бунгалови. Стандардни соби – 24m², една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице; Стандардни соби со кревети на спрат – 24m², една спална соба со кревети на спрат, купатило, макс. 2+2 лица; Фамилијарни соби – 46m², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс. 4+1 лице; Сите соби се опремени со посебни купатила со када, туш, фен, бањарка, влечки, централна клима која работи во одредени периоди од денот според временските услови, телефон, минибар (секој ден се дополнува со вода, сокови и пиво), сеф, керамички под, сателитска ТВ со музички канали, балкон, француски балкон или тераса.
Ултра се Вклучено – шведска маса за доручек, доцен доручек, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, доцна вечера – шведска маса, сладолед во одредени часови, свежо цеден сок само за доручек, мини бар во собите, А-ла-карт ресторан со предходна резервација и само еднаш за време на престојот, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Дополнително се наплатува : свежо цедени сокови, луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка.
Главен ресторан – шведска маса, А-ла-карт ресторани : турска кујна, италијанска кујна, кинеска кујна и ресторан за морска храна, барови околу целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, рент-а-кар дополнително се наплаќаат. Интернетот во хотелското лоби и околу базенот не се наплатува.
Сопствена плажа, песочна и ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа, не се наплатуваат.
Надворешни базени за деца и возрасни, базен за релаксација само за возрасни, аквапарк, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени и тениска опрема, пинг – понг, одбојка на плажа, билијард, мини фудбал, терен за сквош, гимнастика. Дополнително се наплатуваат : спортови на вода, осветлување за тениски терени, спа центар и масажа, соба за игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, шоу програми во вечерните часови, жива музика, кино. Мини клуб за деца од 4 до 16 години со разновидни активности и програми.