Хотелот се наоѓа во областа Kiziagac, оддалечен 12км од Манавгат и 70км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 363 лоцирани во 15 вили со по два спрата. Стандардни соби (21м², лоцирани во градината, една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица), Комфорт соби (24м², лоцирани во градината, една спална соба со француски кревет +софа, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (38м², лоцирани во градината, две спални соби одделени со врата, едната со француски кревет, другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица), Суит соби (38м², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа, едно купатило, макс. 3 лица), и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, папучи, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода при доаѓање), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, плочки на подот, балкон или тераса.
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне кафе, вечерни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, вегетарјанска и диетална храна, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови од денот, бар со закуски на плажа од 10.00-18.00 часот, свежо цедени сокови само за појадок. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, ,,village” појадок, повторно користење на A’la Carte рестораните.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан со медитеранска и турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, услуги за перење, телефон, факс, интернет, фризер, салон за убавина, изнајмување на автомобил.. Во хотелот има ,,Farwell lounge” со менување на соби, тушеви и шкавчиња за гостите при ран check in ин или доцен check out. WI-FI интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.
Хотелска плажа, со песок и ситни камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.
Надворешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, одбојка на плажа, тениски терени, мултифункционален терен за кошарка и фудбал, пинг-понг, мини голф, шах во градината, качување по карпи, одење по јаже, трамболина, функционален тренинг. Со доплата: осветлување на тениските терени, спортови на вода, спа и велнес центар и масажа. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 03-12 години, поделен во групи според возраста, детско игралиште, клуб за хоби, мини диско навечер.