TRENDY ASPENDOS BEACH – 5* – GUNDOGDU – MANAVGAT
Вкупен број на соби 442 во шест блокови. Економски стандардни соби (21m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Стандардни соби (24m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби со кревети на спрат (24m², една поголема спална соба со кревети на спрат, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби (32m², две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица) и соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сет од кафе и чај, сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, бифе доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, сладолед во барот за закуски во одредени часови, слатки, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој. Не е вклучено: сите видови на увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, послуга во соба, пијалоци во Disco.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турска кујна, Италијанска кујна, Медитеранска кујна и кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс.Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI – FI интернет конекција на јавни места и во собите е бесплатна.
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терен, Турска бања, сауна, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, куглање, компјутерски игри, центар за убавина и масажа, осветлување за тениски терен и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години сио различни активности и програми.