Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, оддалечен 4км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 374 во 5 блока. Стандардни соби (26м², една спална соба со францисуки кревет + еден кревет на расклопување, купатило, максимум 2+1 лице), Swim up суит соба (26м², лоцирана на приземје во хотелот, една спална соба, купатило, максимум 2+1 лице), Јуниор суит (37м², една поголема соба со софа кревет, француски кревет, купатило, максимум 3 лица), Дуплекс фамилијарна соба (45м², две спални соби, на долен кат има два единечни кревети, горен кат (отворена галерија) со француски кревет, две купатила, максимум 4 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, централен клима систем со индивидуална контрола, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при доаѓање, вода се надополнува секој ден), сет за чај и кафе, сеф, ЛЦД ТВ со сателитски програми и музички канали.
Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, вечерни закуски. Сите локални и безалкохолни пијалоци од 10.00-00.00 часот, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредени часови од денот. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со предходна резервација, сите пијалоци по 00.00 часот.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Osmanli – Турска кујна, Lagos – рибен ресторан, La Vitas – Италијанска кујна, +16 A’la Carte ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, чување на деца, перална, фризер, телефон, интернет, шопиг ареа, изнајмување на автомобил. WI – FI интернет конекцијата се доплаќа во цениот хотел.
Хотелска песочна плажа, на 150м од хотел. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни.
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, сауна, Турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа, билијард. Со доплата: спортови на вода, спа центар и масажа. Кратки забавни програми во текот на денот. Мини клуб за деца од 04-12 години, со програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови.