Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, оддалечен 4км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 270 во една главна зграда. Стандардни соби (24м², една спална соба, купатило, максимум 2+1 лице), Економски соби (20-24м², лоцирани помеѓу катови и достапни само со скали, поглед кон копно, максумум 2+1 лице), Фамилијарни соби (28м², една голема спална соба оптички поделена, еден дел со француски кревет, друг со кревети на спрат за деца, едно купатило, поглед кон копно, максимум 2+2 деца), друг вид на Фамилијарни соби (38м², две оделени спални соби, едно купатило, максимум 4 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф (со доплата), мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, бесплатна WI-FI интернет конекција, под со ламинат и балкон.
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски на плажа и покрај базен, вечера, вечерно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-00.00 часот, сладолед во бар покрај базен во одредени попладневни часови. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани и конзервирани пијалоци, A’la Carte ресторани со предходна резервација и дополнителна доплата, пијалоци во диско клубот и собна услуга.
Главен ресторан со шведска маса – A’la Carte ресторани: Sultan – Турска кујна, Turkuaz – медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, интернет, шопинг центар, фризер, комјутерски игри, WI-FI интернет конекција (во јавните површини и собите е бесплатен).
Хотелска песочна плажа. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Внатрепни и надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на водам фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, тениски терени. Со доплата се: спортови на вода, масажа, спа центар, осветлување за тениските тереним билијард и комјутерски игри. Забавни програми (кратка анимација) во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми за возрасни. Мини клуб за деца од 04-12 години, со програми во текот на денот и вечерта, детско игралиште.