Хотел TAC PREMIER HOTEL****
http://www.tacpremierhotel.com/
Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Аланија, на 118км од аеродромот во Анталија
Сместување
Вкупен број на соби: 254 во 7 згради меѓусебно поврзани.
Стандардни соби (20-24м2, една спална,едно купатило, макс.2+1),
Фамилијарни соби (45м2, една спална, една дневна соба, со врата измеѓу, едно купатило макс 4лица), и две соби за лица со хендикеп.
Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар(само вода се дополнува секој ден), сеф(со доплата), сателитска тв со музички канали, ламин и тераса.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попадневно кафе и колачи, вечера, доцна вечерна супа, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10,00 до 24,00, сладолед во одредено време. НЕ се вклучени увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, наргиле, сета храна и пијалоци после 24,00часот. Храна и пијалоци на плажа се со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на базен, бар на терасата од хотелот. Доктор, телефон, факс, интернет, рент а кар, продавници, фризер се со доплата. Wi-fi конекција е бесплатна во собите.
Плажа
Плажата е на 50м од хотелот, песочна, лежалки и чадори се наплатуваат. Покрај базенот лежалки и чадори се бесплатни. Пешкири за на плажа се со депозит.
Спорт и забава
Отворен и мал затворен базен за деца и возрасни, фитнес, турска бања, сауна, тениска маса, одбојка на плажа. Со доплата се водени спортови, спа и велнес центар, масажа и др активности на плажа.