Хотел SULTAN SIPAHI RESORT****
http://www.sultansipahiresort.com/
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија и 120км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 215 во три згради. Стандардни соби (26м², макс.2+1 лице), со купатило со када , туш и фен , клима сплит систем , телефон , мини бар ( празен ) , сеф ( со доплата ), сателитска ТВ и музички канали, Wi-fi интернет ( со доплата ) ,балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе и чај , вечера, стандардни домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00ч. Сите увозни пијалоци , храна и пијалоци по 23.00 ч. свежо цедени сокови , флаширани пијалоци , храна и пијалоци на плажа дополнително се наплаќаат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар , бар на плажа. Доктор на барање , перална, телефон и факс , интернет кафе дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелската плажа е на познатата Клеопатра плажа , песочна , чадори за сонце и лежалки се со доплата. Само кај хотелскиот базен се бесплатни. Пешкири за на плажа се со доплата.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни со дел за деца , фитнес центар , пинг понг , одбојка на плажа. Водени спортови на плажа , Турска бања , сауна , масажа , билијард дополнително се наплаќаат.