Хотелот е лоциран во Белек, 30km од аеродромот во Анталија и 3km од најблиското градче Кадрије.
Вкупен број на соби – 426 Делукс соби со поглед на море – 45m², една спална соба, купатило, соблекувална, макс. 3+1 лице; Инфинити соби – 45m², една голема спална соба, купатило, директен пристап до базен, макс. 2+2 лица; Апартмани – 70m², една спална соба, дневна соба, две купатила, соблекувална, макс. 4+1 лице; Суено Апартман со поглед на море – 70m², една спална соба, дневна соба, две купатила, соблекувална, базен 30m²-38m², макс. 4+1 лице; Супериор Апартмани со поглед на море и џакузи –70m², една спална соба, дневна соба, две купатила, соблекувална, џакузи, макс. 4+1 лице; Економи Соба – 30m² – 35m², една спална соба со француски лежај + софа, купатило, макс 2+1 лице; Соби за лица со инвалидитет – Сите соби се опремени со посебни купатила со туш кабини, фен, централна клима, телефон, теписон, мини-бар (вода, сокови, пиво, вино, свежи сокови, апетисани, чоколади, млеко, крекери се дополнуваат секој ден), електрично ѓезве, сет за кафе и чај, сеф, интернет, LCD Телевизор со сателитски и музички канали, балкон.
Делукс се Вклучено – шведска маса за доручек, доцен доручек, ужина наутро, ручек, попладневна ужина, вечера, вечерна ужина, детски ресторан, слаткара, локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цеден портокал и грејпфрут, сладолед во текот на денот, голем избор на трпезни вина во главниот ресторан. Услуги кои не се вклучени – А-ла-карт ресторани со претходна резервација, бар во Голф клубот, премиум увозни пијалаци, стари вина, собна услуга.
Главен ресторан – шведска маса, диетална храна, детска храна, А-ла-карт ресторани : Турска кујна, Азиска кујна, Мексиканска кујна, Италијанска кујна, Рибен ресторан, скара, кафе и барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, компјутерски игри, фризер, рент-а-кар, продавници – Дополнително се наплатуваат. Интернет конекцијата е бесплатна.
Сопствена хотелска плажа, песочна, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа, не се наплатуваат. Павиљони на плажа со претходна резервација и дополнително се наплатуваат.
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, голем аква парк (10 лизгалки за возрасни, 8 за деца и 5 за бебиња), фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика, аеробик, пинг-понг, мини-голф, пикадо, пукање со воздушен пиштол, стрелање. Дополнително се наплатуваат – водни спортови, билијард, куглање, компјутерски игри, голф клуб и игралиште, Спа центар, часови по нуркање, тениска опрема и приватни часови по тенис. Забавни програми во текот на денот и вечерните часови, музика во живо, забави на плажа, шоу групи од различни држави, дневни турнири, кино под отворено небо. Мини-клуб за деца од 4г до 15г со специјално обучен персонал за работа со деца, организирани дневни програми, натпревари, детско кино и шоу програми. Компјутерски игри дополнително се наплатуваат.