Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac, 13км од Manavgat и 75км од аеродромот во Antalyа.
Вкупен број на соби 1030 во Главна зграда, Lake Houses и во Club зграда. Хотелски стандардни соби (една спална соба, едно купатило, тепих на под, макс.2+1 лице), Hotel Lux стандардни соби (една спална соба, едно купатило, ламинатен под, макс.2+1 лице), Hotel Child Friendly соба (една спална соба со два единечни кревети, една софа, и една фотелја која може да се користи како кревет за деца, едно купатило, макс.2+2 лица), Хотелски фамилијарни соби (30 – 35m², две одвоени спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.2+2 лица), Hotel suit соби (соби со поглед на море, една спална соба и една дневна соба со две софи, 2 купатила, едно е со џакузи) и 10 соби за лица со хендикеп. Lake houses – вили на три спратови – Lake стандардни соби 3. Спрат (се наоѓаат на 3 спрат од вилата и нема директен пристап на базен, една спална соба, едно купатило ос туш, макс.3 лица), Lake фамилијарни соби на приземје (се наоѓаат на приземје со директен пристап на базен, две спални соби со врата помеѓу, на 1 спрат и на 2 спрат од вилите, директен пристап на базен), Lake фамилијарни соби 2. Спрат (има пристап покрај скалите на балконот до базенот, две одделни спални соби, едно купатило со туш), Lake стандардни лукс соби (се наоѓаат на приземје од вилите и имаат директен пристап до базен, една спална соба, едено купатило и тераса, макс.3лица), Lake стандардни соби 2.спрат (пристап до базен низ балконот по скали, една спална соба и едно купатило,макс.3 лица), Lake suit соби (се наоѓаат на прв спрат со тераса, две спални соби и две купатила). Club собите се наоѓаат од задната страна на хотелскиот комплекс близу Аква Паркот, – Eco club стандардни соби една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице). Сите соби се со балкон, купатило со када или туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, ламинатен под или тепих, сателитска телевизија и музички систем, WI-FI интернет. Вилите се со керамички под и со поглед на градина.
Ultra all Inclusive- шведска маса со појадок, ручек, вечера, закуска попладне и навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови се бесплатни. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци.
Главен ресторан Harmony со шведска маса, A’la Carte ресторани: кујна од Далечен Исток, Мексиканска кујна, Рибен ресторан, Италијанска кујна, Скара ресторан, лоби бар, Диско бар, бар на плажа, бар покрај базен, витамин бар. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, рент а кар, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Павиљоните на плажа се со претходна резервација и се доплаќаат.
Надворешни базени, базен со лизгалка, внатрешен базен, фитнес центар, Турска бања (зона на внатрешниот базен), сауна (зона на внатрешен базен), соба со пареа, џакузи (внатрешна зона ), тениски терени, одбојка, кошарка, мини голф. Сите спортови на вода, масажа, осветлување на тениски терени и опрема за тенис, билијард, кугалње и компјутерски игри, SPA и Wellness центар (сауна, Турска бања, џакузи се во овој центар) се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни програми, шоу програми со професионален тим. Мини клуб за деца од 04-16 години во различни годишни групи. Fun fair 5 карти по соба се бесплатни при пристигнување.