Хотелот се наоѓа во областа Gundogdu 12км од Side и Manavgat и 50км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 462 во пет згради. Стандардни соби (29m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), големи соби (32m², една поголема спална соба со кревет на расклопување, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби (40m², две спални соби со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица) и 5 соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизја и музички канали, WI –FI интернет конекција, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна ужина, бифе доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, сладолед двапати дневно во барот покрај базен, пијалоци во барот на плажа до 18.00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив. Не е вклучено: сите видови на увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, послуга во соба, пијалоци во Disco.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турска кујна, Мексиканска кујна и кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI – FI интернет конекција во општите зони е бесплатна до 2 MB.
Хотелска плажа на 200 метри од хотелот, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терен, Турска бања, сауна, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард,, куглање, центар за убавина и масажа, осветлување за тениски терен и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-11 години, игралиште, мини диско навечер.