Хотелот се наоѓа на 1,5км од центарот на Сиде и 60км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 323 во главна и две анекс згради. Стандардни соби (22-30м², една спална соба, купатило, мах.2+2 лица), Јуниор суит соби (35-45м², една спална соба со француски кревет + 2 софа кревети, купатило, мах. 4 лица), Фамилијарни сови (40м², две спални сови, купатило, мах. 4 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, клима уред, мини бар (само вода се надополнува секој ден), под со ламинат, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, вечерно бифе, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар на плажа (брза храна, пиво и безалкохолни пијалоци) од 10.00-17.00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, лименки, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, A’la Carte ресторани со предходна резервација и доплата, храна и пијалоци во барот на плажа подоцна од 17.00 часот, собна услуга, пијалоци во диско барот по 00.00 часот.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: турска и италијанска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, чување на деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, интернет, шопинг центар, изнајмување на автомобил. Wi-Fi интернет конекцијата е бесплатна во лоби.
Хотелска песочна плажа, оддалечена 150м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни (менување со доплата).
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, две лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата: масажа, билијард, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.