Хотелот се наоѓа во областа Side на само 800м од центарот на градот, и 65км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 72 во два блокови. Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице), Фамилијарни соби (една спална соба со четири стандардни легла, едно купатило, макс.4 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, и фен, клима уред, телефон, сеф (се доплаќа), мини бар (се дополнува со вода само при пристигнување), керамички под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, ручек, кафе пауза и вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-22.00 часот. Не е вклучено: увозни и други пијалоци, свежо цедени сокови, Турско кафе, еспресо, сладолед, флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, флаширана вода, храна и пијалоци по 22.00 часот, храна и пијалоци на плажа.
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен. Доктор на барање, телефон, факс, сеф на рецепција со доплата. WI – FI интернет конекција се доплаќа.
Хотелска плажа, песочна, 800 метри од хотелот, со бесплатни лежалки чадори за сонце. Пешкири на плажа не се достапни.
Надворешен базен за возрасни и деца, една лизгалка на вода, пинг понг, игралиште за деца. Турска бања, масажа, спортови на вода се доплаќаат. Игралиште за деца.