Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, на 4км од Сиде и 70 км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 250. Стандардни соби (32m², една спална соба, едно купатило, макс.2лица), стандардни комфорт соби (32m², една спална соба, едно купатило, страничен поглед на море), Swim up соби (32m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, макс.2лица), Suit соби (42m², една спална соба, една дневна соба без врата помеѓу, едно купатило, макс.2лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред,телефон,мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (се доплаќа), сателтиска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.
All inclusive – пијалок за добредојде, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, вечера, доцна навечер закуска, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови, A’la Carte ресторани со претхдона резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите видови на увозни пијалоци,специјални вина, свежо цедени сокови, Турско кафе, послуга во соба, второ користење A’la Carte рестораните, сите пијалоци по 24.00 часот и сите пијалоци во Wellness центарот.
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, A’la Carte ресторани – Турск кујна, кујна од Далечен Исток и Италијанска кујна. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, интернет, шопинг центар и изнајмување на автомобил се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби и на јавни места е бесплатна.
Хотелска плажа, 200 метри од хотелот, песочна со каменчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг, Турска бања, сауна. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, масажа, SPA & Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и навечер неколку пати неделно, тематски вечери.