Хотелот се наоѓа во областа Kızılağac 15км од Manavgat и 70км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 540 во три блокови. Стандардни соби (30m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице) , фамилијарни соби (50m², две спални соби одвоени со врата помеѓу, едно купатило, макс.4 лица), Стандардни comfort соби се исти како сите стандардни соби но со директен поглед на море на горните спратови и 6 соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар( се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво при пристигнување, се заменува вода секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, време за торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, , бифе навечер, сладолед за време на одредени часови, сите алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар е отворен 24 часа), A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, Турско кафе, свежо цедени сокови, специјални вина, послуга во соба, сите пијалоци во Wellness центар и во Night Club.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански и кујна од Далечен Исток, барови околу хотелскиот комплекс, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.
Хотелска плажа, каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, центар за убавина, масажа, осветлување за тениски терени, опрема и часови по тенис, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 04-12 години.