Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки, оддалечен 60км од аеродромот во Анталија и 8км од Сиде.
Вкупен број на соби 297 во една главна и две анекс згради. Стдандардни соби (24м², една спална соба, купатило, мах. 3 лица), Економски соби (исти како стандардите само се наоѓаат на прв кат и имаат поглед кон улицата), Фамилијарни соби (39м², две спални соби одделени со врата, купатило, мах.4+1 лице). Сите соби се опремени со купатило со туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, сеф (со доплата), мини бар (вода се надополнува секој ден), сателитска ТВ и музички канали.
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, колачи и закуски во бар на плажа, полноќни закуски, сладолед попладне, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.30 часот, бар на плажа со закуски. Не е вклучено: сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турско кафе, сите пијалоци во дискотеката и витамин барот, A’la Carte ресторани со предходна резервација и дополнителна доплата.
Главен ресторан со шведска маса, бар на плажа со закуски, A’la Carte ресторан, бар во лоби, бар покрај базен, бар на плажа, витамински бар. Со доплата: доктор, сервис за перење и хемиско чистење, телефон, интернет конекција, компјутерски игри. Wi-Fi интернет конекцијата се доплаќа.
Хотелска приватна, песочна плажа, оддалечена 300м од хотелот. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, пешкирите на плажа се доплаќаат.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, турска бања, тениски терени, одбојна на плажа, пикадо. Со доплата: масажа, осветлување на тениските терени, билијард, комјутерски игри, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и вечерта. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште и мини диско во вечерните часови.