Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на Анталија, 12 км од Белек.
Сместување
Вкупен број на соби 612 во 7 хотелски згради. Стандардни соби
(34м², макс.3 лица+бебе)-една спална и едно купатило, Фамилијарни соби
(40м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило, Соби за хендикепирани лица.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), сет за кафе и чај, сеф, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Услуга
Премиум Ултра Се Вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диетално мени, специјално детско мени, снек ресторан, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, попладне колачи, чај и кафе, сладолед во одредени часови, свежо цедени сокови само за време на појадокот, енергетски пијалоци, барови околу хотелскиот комплекс, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Дополнително се наплаќаат: Премиум увозни алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, A’la Carte ресторани со резервација, сите видови на флаширани пијалоци.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани-Турска кујна, Италијанска кујна, Далечен Исток, рибен ресторан и BBQ (со резервација и само еднаш за време на престојот) снек бар, диско бар и барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел.
Плажа
Приватна плажа со песок. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за плажа со депозит. Приватни павиљони на плажа со резервација и се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со 18 лизгалици, одбојка на плажа, фитнес, Турска бања, сауна, пинг понг. Масажа, Спа центар, салон за убавина, куглање, спортови на вода, билијард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми со професионален тим и специјални шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 год, мини диско клуб во вечерните часови.