Хотел MYSEA HOTELS INCEKUM****
Положба
Хотелот е лоциран во регионот Incekum, на 20 км од Аланија и 100 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупниот број на собите е 130 во главниот објект.
Стандардни соби (24m², една спална, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Сите соби се со купатило со када и туш, фен, клима систем, телефон, мини бар (вода се надополнува секојдневно), чајник, сеф (се наплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
Плус сѐ вклучено – сервис за шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, пладневно кафе, чај и колачи, вечера, полноќни закуски. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 23.00 ч. Дополнително се наплаќаат: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, сладолед, наргиле, Турско кафе, собна услуга.
Содржини
Главен ресторан за сервис шведска маса, Лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа од 10.00 до 18.00ч. Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, сервис за перење, интернет катче, шопинг центар, рент а кар – дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа, на 50 метри од хотелот, песок и ситни камчиња, чадори за сонце, лежалки не се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водени лизгалици, пинг понг, фитнес центар, Турска бања, сауна. Дополнително се наплаќаат водени спортови, масажа, Спа центар и центар за убавина, билјард и компјутерски игри. Забавни дневни програми, натпревари покрај базен и на плажа, во вечерните часови шоу програми, отворено кино за деца. Мини клуб за деца од 4 до 12 години.
Хотелот е реновиран во 2016 година.