Хотел MESUT HOTEL****
http://www.alanyamesuthotel.com/
Положба
Хотелот е лоциран во областа Обакој, 2км од центарот на Аланија и 132км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 131, во два блока. Стандардни соби (20м², една спална, едно купатило, макс.2 лица), стандардни трокреветни соби (30м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица). Сите соби се со купатило со туш и када, фен, клима сплит систем, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (празен), тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, попладне чај, кафе и колачи, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.30 часот. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, флаширани пијалоци, сладолед, Турско кафе, бар на плажа, свежо цедени сокови.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, снек бар и бар покрај базен. Доктор, сервис за перење и пеглање, интернет, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција безплатна во лобито.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и камчиња, на 20м од хотелот преку улица. Лежалки на плажа и чадори за сонцe се наплаќаат.
Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, лизгалица на вода, фитнес. Дополнително се наплаќаат-сауна, Турска бања, масажа, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови, Турска вечер, еднаш неделно жива музика. Мини клуб за деца од 04-12 год.