Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, на само 2км од центарот на градот и 65км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 176, во две главни згради и во 4 одвоени блока. Два блока се без лифт. Стандардни соби (една спална соба, купатило, максимум 2+1 лице), Фамилијарни соби (две одделни спални соби, купатило, максимум 4 лица), Економски соби (се наоѓаат во главната зграда на прв кат, немаат балкон и се помали од стандардните, максимум 2+1 лице). Сите соби се опремени со купатуло со туш, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода при доаѓање), сеф (со доплата), под со ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
All inclusive – шведска маса со појадок, ручек, попладне кафе, чај и торти, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 00.00 часот, концентрирани овошни сокови, бар на плажа за закуски од 10.00 – 17.00 часот (закуски, само безалкохолни пијалоци и пиво), A’la Carte ресторан еднаш во тек на престој и со претходна резервација. Не е вклучено: сите видови на увозни пијалоци, специјални вина и коктели, свежо цедени сокови, турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, услуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, барови покрај базенот, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот, лоби бар. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, рент а кар, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во лоби и во собите.
Хотелска песочна плажа, на 400 метри од хотелот со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Пешкири на плажа се со депозит.
Надворешни и внатрешни (затврорени во текот на летната сезона) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, пинг понг. Се доплаќаат: масажа, билијард и компјутерски игри, спортови на вода. Лесни забавни програми во текот на денот и два пати неделно музика во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години.