Хотелот се наоѓа во областа Kızıagac 10км од Manavgat и 75км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби во главна зграда 285 и 116 соби во club houses (двокатни). Главна зграда: Стандардни соби (30m², една спална соба, едно купатило, макс.3+1лице), Фамилијарни соби (36m², две спални соби со параван помеѓу, едно купатило, макс.2+2 лица) и три соби за лица со хендикеп. Во club страната: Стандардни соби (23m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 бебе), Фамилијарни соби (36m², две спални соби со врата помеѓу, во едната спална соба има кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.2+2 лица). Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, централен клима уред во главна зграда и клима уред во во клуб собите, телефон, сеф, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под во главна зграда, и керамички под во клуб собите, балкон. WI-FI интернет конекција бесплатна.
Ultra All inclusive – шведска маса со појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 09.00 – 24.00 часот, во Disco club до 02.00 часот, сладолед за време на одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и за еден престој. Не е вклучено: сите други увозни пијалоци, сите видови на флаширани пијалоци, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Рибен, Италијански, Мексикански, кујна од Далечен Исток, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.
Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири на плажа. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, бања со пареа, тениски терен, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, мини фудбал. Се доплаќаат: спортови на вода, масажа, осветлување за тениски терен, билијард, компјутерски игри, часови по нуркање. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер.