Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, оддалечен 6км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Вкупен број на соби 316. Стандардни соби (27м², една спална соба со француски кревет, купатило, мах. 2+1 лице), Фамилијарни соби (35м², две спални соби одделени со врата, едно купатило, мах.4 лица), Суит соби (50м², две спални соби одделени со врата, дел со дневен престој, две купатила, мах. 3+2 лица) и 3 соби за хедикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со безалкохолни пијалоци и вода), електричен бокал, сеф, сателитска ТВ и музички канали, под со ламинат, балкон.
Ултра се вклучено – пијалок за добро дојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера и ужина во доцните часови, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 00.00 часот, сладолед во одредени часови од денот, А’la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум и специјални увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, собна услуга, повторно користење А’la Carte ресторан.
Главен ресторан – шведска маса, барови во хотелскиот комплекс, бар на плажа од 10.30-18.00часот, А’la Carte ресторани: Mezzaluna – италијанска кујна, Sushi – кујна од далечниот исток и Anchor – Рибен ресторан. Со доплата: доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар и изнајмување на автомобил. Wi-Fi интернет конекцијата (намалена брзина) е бесплатна.
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња, оддалечена 300м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. Бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг. Со доплата: спортови на вода, билијард, соба со игри, масажа, спа и велнес центар. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, голем број на програми и мини диско навечер.