Хотелот се наоѓа во регионот Белек 45 км од Анталија и 35 км од аеродромот.
Вкупен број на соби 373. Соби во главната зграда 207 и во одморалиштето 166. Стандардни простории во главната зграда (30м², макс.2 + 1лице), Фамилијарни соби (45м², две спални соби со врата помеѓу, две купатила макс .2 + 2лица). Ресорт зграда: стандардни соби (35м², една спална соба, една бања, макс.2 + 2лица), Фамилијарни соби 16 (две спални соби разделени со врата, две купатила, макс.4лица). Сите соби се со балкон, поглед кон море или градина, приватна бања со када и туш, фен за коса, централна клима,телефон, тепих на под, сеф, мини бар, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет врска , балкон.
Ултра се вклучено, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, услуга за сладолед во бар Likya попладне, вечера. Сите локални и некои стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар(вода, безалкохолни пијалоци и пиво),сок од свежо овошје за појадок, ресторани А-ла-карт,ресторани Dynasty и Far East се со претходна резервација. Се доплаќа: луксузни увезени пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, сокови од свежо овошје, пакет сладолед и услуга во соба, рестораните La Cucina, Poseidon и El Saguaro, А-ла-карт се со претходна резервација и се наплатуваат.
Главен ресторан Pinea, All inclusive услуга, А-ла-карт ресторани: Dynasty (турска кујна), La Cucina (италијанска кујна), El Saguaro (мексиканска кујна), Poseidon (рибен ресторан), Far East ресторан,барови на разни места околу хотелскиот комплекс,трговски центар, фен за коса, лекар,бебиситер, перење и сушење на алиштата, центар за убавина и СПА, телефон и факс, интернет-кафе и компјутерски игри се наплаќаат дополнително. Wi-FI конекцијата е бесплатна.
Приватна песочна плажа на хотелот,пешкири, лежалки и чадори за сонце бесплатно. Павиљоните на плажа се со претходна резервација и дополнително се наплаќаат.
Отворени базени со одвоени детски базени, затворени базени, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски игралишта, осветлување на тениски терени, пинг-понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, немоторизирани спортови на вода се бесплатни. Се доплаќа за: куглање, билијард, моторизирани спортови на вода, масажа, велнес центар и СПА. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 12 години и Junior клуб од 13 – 16 години, со професионален тим во текот на денот и ноќта.