Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol близу до морето и 64км од аеродромот во Antalya и 7км од античкиот град Side.
Вкупно 432 соби. Стандардни соби (25m²,една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице), фамилијарни соби (34m², една спална соба+дневна соба+едно купатило, макс.3+1 лице), Junior suits (30m²,една спална соба+едно купатило, макс.2+2 лица), и 4 соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со када или туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сателитска телевизија и музички канали, тепих на под, сеф, WI-FI интернет (ниска брзина).
Ultra all Inclusive – шведска маса со појадок, ручек, вечера, закуски попладне и за време на полноќ, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за еден престој. Не е вклучено: премиум пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турски, ресторан за скара, Италијански, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина), е бесплатна.
Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терени, кошарка, Турска бања, сауна, мини голф, пинг понг се бесплатни. Масажа, центар за убавина, куглање, јавање на коњ, осветлување за тениски терени и опрема, спортови на вода, билијард и компјутерски игри се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, спацијални програми навечер, гала вечера, вечери со мото шоу. Мини клуб за деца од 04-12 години и тинејџери (13-16 години) со дневни програми.