Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 8км од Side и 55км од аеродромот во Antalya.
Вкупен број на соби 244 во седумкатна главна зграда. Супериор соби со поглед кон градина (28m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица), Супериор соби со поглед на море (28m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица). Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, тепих на под, WI-FI интернет конекција, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, ран и доцен појадок, ручек, попладне закуска, вечера, закуска на полноќ, катче за диетална и веганска храна, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, пиво и вино во барот на плажа, свежо цедени сокови само за појадок. Не е вклучено во all inclusive концептот: луксузни увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина и коктели, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, послуга во соба.
Главен ресторан со шведска маса и за главни оброци (појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ран доручек, ужини во Kamelya Fulya Hotel). A’la Carte ресторани Turkuaz –Турска кујна, China Town –Кинеска кујна, Yengec – Рибен ресторан, La Perla – Италијанска кујна, Azteca – Mексиканска кујна, Медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, Café House, бар на плажа за закуски, барови покрај базен, барови на плажа. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се доплаќа. WI – FI стандардна интернет конекција е бесплатна.
Хотелска плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватните павиљони се со претходна резервација и се доплаќаат.
Надворешни и внатрешни за возрасни и деца (вкупно 7 надворешни и 2 внатрешни) и за деца (вкупно 4 надворешни и 2 внатрешни), Аква парк за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, бања со пареа, џакузи, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, кошарка, стрелаштво, пинг понг. Се доплаќаат: Тениски терени, осветлување за тениски терени, часови по тенис и опрема, спортови на вода, куглање, билијард и компјутерски игри, масажа, SPA и Wellness центар, јавање на коњ. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базeн и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години, клуб за тинејџери од 12-18 години, мини зоолошка градина, различни програми и активности во текот на денот и навечер.